Ѓорѓе Давид за страшните глетки во болницата: До мене почина човек кој беше примен кога дојдов и јас

Фото: Инстаграм

Познатиот рок пејач Ѓорѓе Давид веќе две недели се бори против коронависурот, откако на јавноста и соопшти дека е позитивен на Ковид 19, а се лекува на оделението за пулмологија на Клиничкиот центар во Србија.

Откривајќи детали од болницата, пејачот истакна и дека починал човек кој лежел покрај него, а  кој бил примен таму истиот ден со него.

– Страшно е да бидеш болен од болест која носи жртви. Претходната недела покрај мене умре човек кој беше примен истиот ден кога и јас. Во таква ситуација не е паметно да зборувам за прогноза на болест против која се борат светските лекари, а која носи животи – вели Давид за Телеграф.рс.

Сепак, Ѓорѓе вели дека и натаму верува оти ќе излезе како победник во оваа битка.

– Ми останува вербата дека ќе излезам како победник. Ќе зборуваме низ што поминав и како изгледаше моето лекување кога ќе ми кажат дека вирусот веќе не е присутен – истакна поранешниот пејач на бендот „Генерација 5“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот