Ѓорчев: Завршува тешка година, следува година на промени

Кога некој во ова време ќе каже дека Македонија блеска, дека е сјајна ѕвезда, заслужува и еден „скопски“ одговор од типот „на какви печурки си“ и „нека смали на доживљај“, рече во емисијата „Утрински брифиг“, пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, околу обвинувањата за недолична комуникација преку собраниската говорница.

Според Ѓорчев, завршува тешка година, со газење на демократијата, и следува година на промени.

– Зад нас е тешка година и за три месеци очекуваме промени. Во парламентот имавме тешка година, затоа што се случија процеси кои беа надвор од сите демократски текови, како носење на пратеници директно од притвор да гласаат. Вакво газење на демократијата никогаш не се случило, изјави во „Утрински брифинг“, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот