Голманот на Баерн си ќари 15 години помлада девојка

Мануел Ноер само четири месеци по разводот се заљуби и тоа во 15 години помлада студентка и ракометарка.

Еден од најдобрите голмани на денешницата, Мануел Ноер (34), не тагуваше многу по разводот со Нина (27) во јануари, четири месеци подоцна повторно се вљуби.

Новата избраничка на Ноер има само 19 години, нејзиното име е Аника и е студентка по моден менаџмент и професионална ракометарка, таа настапува во Хереберг. Аника веќе го напуштила домот и се вселила во домот на Ноер во Минхен.

Тоа што им падна во око на германските медиуми е дека Нина и Аника си личат и имаат идентично хоби, јавање на коњи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот