Големи гужви во Охрид и Дојран, Петровска најави ригорозно спроведување на мерките

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Полицијата, вели таа, се обидува преку патроли да го покрие колку што може повеќе просторот на градот Скопје, меѓутоа и на оние општини кои се прогласени како критични.

Направени се планови за постапување и поставување на полициските службеници, а дополнително се направени и вонредни тимови кои го следат постапувањето на полицијата.

Ова денеска го истакна дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во однос на тоа дали се планира зголемување на полициските контроли во општините Чаир, Аеродром и Сарај.

– Потребата д тоа колку полициски службеници ќе бидат ангажирани се менува постојано и согласно тоа ги ангажираме на терен по насока добиена од самите началници од секторите за внатрешни работи. Во моментот навистина е фреквентно во Охрид, таму дополнително утринава се испратени полициски службеници кои ќе им помогнат на своите колеги – рече Петровска.

Полицијата, вели таа, се обидува преку патроли да го покрие колку што може повеќе просторот на градот Скопје, меѓутоа и на оние општини кои се прогласени како критични.

– Од секаков тип евиденција која постои за прекршување на полицискиот час ќе биде соодветно процесуирана и ке бидат преземени мерки против нив. Тоа значи ако постојат докази за прекршување на полицискиот час, со подоцнежна идентификација на сторителите против нив ќе бидат преземени мерки. Полицијата во моментов е на територијата на Скопје, онаму каде што има фиксни пунктови, поставени се контроли, а останатите делови ги контролираме преку патроли –  додаде Петровска.

Таа нагласи дека ќе бидат ригорозни во спроведувањето на мерките и ќе се трудат законот да биде спроведен поеднакво за сите граѓани.

– Апел до сите граѓани дека полицијата не може да ја замени совеста на секој од нас – рече Петровска.

Во меѓувреме на социјалните медиуми се споделуваат фотографии и видеа од зголеменото присуство на луѓе низ Охрид, откако илјадници возила го напуштија Скопје вчера пред почетокот на полицискиот час.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот