Голема трагедија во Бугарија, фудбалски тренер почина по удар од гром

Еден од тренерите во школата на Хебар Пазарџик, Иван Ранчев/Фото: Официјален сајт на Хебар (Пазарџик)

Гром уби еден од тренерите во школата на Хебер (Пазарџик), 41-годишниот Иван Ранчев. Инцидентот се случи за време на натпреварот во Лесичево помеѓу екипата на Хебер и Ботев Черногорово.

Како што информира порталот „Новините“, до несреќата дошло во селото Лесичово во Бугарија каде се играше пријателски меч.

Итната помош веднаш после несреќата стигна на местото на настанот, но можеше само да ја констатира смртта на тренерот.

Громот исто така погоди и еден фудбалер, но тој помина без посериозни последици, а повредени се и четири лица.

– Тренерот Иван Ранчев денеска неочекувано нè напушти. Пред да стане тренер, Иван ги водеше екипите на Хебер, Бенковски и Тракија (Стамболиски). Сите во клубот изразуваат искрено сочувство до семејството и пријателите на Иван – стои во соопштението на Хебер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот