Голема среќа за македонските ученици: Престојувале во хотел кој го издржал земјотресот, останатите објекти во урнатини

Фото: Слободен печат

Хотелот каде биле сместени македонските ученици во турскиот град Кахраманмараш бил единствениот објект кој го издржал земјотресот и не се урнал – на улицата и во непосредна близина сите градби биле во урнатини, вели Џевад Сефери од Велебрдо во општината Маврово-Ростуше. Неговиот син, 17-годишниот Шабан Сефери, е еден од осуммтемина ученици од Македонија кои се најдоа земјотресот во Турција, а вчера се вратија дома.

„Тие биле сместени во хотел во центарот на градот, кој за среќа е единствен од целата улица и во поблиската околина кој не се урнал, има некое оштетување но не е урнат, за разлика од градбите таму кои 90 % се урнати. Кога удрил земјотресот веднаш децата излегле од хотелот, биле надвор и потоа вториот земјотрес бил потежок, тој урнал сѐ, но пак хотелот не се урнал, вели Џевад Сефери.

За катастрофата дознал утрината преку социјалните мрежи. Бил под голем стрес и паника кога прочитал дека градот Кахраманмараш е во урнатини, каде македонските ученици, меѓу кои и неговото дете, биле преку размена на ученици од програмата „Еразмус“. Дека се живи и здрави дознале дури попладнето.

„Не можевме да стапиме во контакт со децата, со нив се слушнавме дури попладнето откако се случи земјотресот. Ни кажаа дека се живи и здрави, дека се згрижени во спортска сала во градот и се во добра здравствена состојба. Добивме контакт со повреденото дете од Тетово кое успеало да се јави, а и едно дете од Маврово – Ростуше испратило порака на роднини дека се добри и живи и здрави и толку знаевме, линииите беа во прекин и немаше шанси никако да се стапи во контакт. Информации добивме и од Амбасадата на Република Македонија во Анкара, со кои имавме постојан контакт, а кои ни излегоа во пресрет. Тие испратија возило до градот, иако во лоши услови ги зедоа и ги префрлија во Анкара, а потоа во Истанбул и оттаму за Македонија и вчера дојдоа живи и здрави. Четири деца се од Маврово-Ростуше, тие не се повредени, две деца од Тетово се повредени, но со лесни повреди од метежот некое стакло им паднало“, вели Џевад Сефери.

Тој додава дека со синот откако го пречекал вчера на Автобуската станица во Гостивар па се до денес воопшто не зборува за моментите на кастастрофата оти тој, но и останатите седуммина ученици сѐ уште се под влијание на траумата од преживеаното во силниот земјотрес, чиишто разорни последици го „потресоа“ целиот свет.

Тетовецот Ајет Беџети: Моето дете е во шок, сликите од катастрофалниот земјотрес што го преживеа нема да ги заборави

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот