Голема акција во Србија: Уапсени 22 лица поради проституција, пет девојки тврделе дека се секретарки

Фото: Принтскрин/Танјуг

Доказ за тоа колку оваа група била добро и детално организирана покажува тоа што тие имале менаџери, обезбедување кое стоело пред изнајмените станови во кои девојките се состанувале со клиентите, но и детално водената евиденција за секоја уплата и цената на сите услуги.

Во вчерашната спектакуларна акција во која во Белград се уапсени 22 лица поради сомниение дека се бавеле со проституција. Уапсени се и пет девојки, кои тврдеа дека не се поврзани со ланецот на проституција, туку дека нивната улога била како секретарки да договараат состаноци со клиенти.

Уапсените се поделени во две групи кои меѓусебно соработувале, а меѓу нив има и еден 45-годишен полицаец.

Доказ за тоа колку оваа група била добро и детално организирана покажува тоа што тие имале менаџери, обезбедување кое стоело пред изнајмените станови во кои девојките се состанувале со клиентите, но и детално водената евиденција за секоја уплата и цената на сите услуги.

Својот бизнис го воделе толку толго што неодамна прославиле 15 години постоење, а според српски „Блиц“, интересен е фактот што своите услуги ги рекламирале на огласи на кои се јавувале заинтересираните клиенти. За да не бидат откриени, едни на други си давале псевдоними.

Како што открива „Блиц“, улогата на уапсениот полицаец кој работел во Белград била да ги проверува возилата и идентитетот на луѓето кои се јавуваат на огласите, за групата евентуално да не биде отркиена.

Полицијата за време на претресот на становите одземала поголема сума на пари, 176 мобилни телефони, 12 лаптопи, како и интерната документација која ја воделе членовите. Исто така, пронајдено и привремено е одземена помала количина на опојни дроги, муниција, како и четири возила кои се користени во извршување на ова кривично дело.

Фото: Принтскрин/Танјуг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот