ГОЛЕМ СКАНДАЛ НА ПОВИДОК: Се појавија уште три расистички фотографии со Џастин Трудо

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен како Аладин, а лецето му е обоено со црна боја, но после тоа е откриено дека тој на истиот начин се маскирал уште во најмалку два наврати.

Трудо веќе се извини за првиот откриен случај на т.н. „блекфејс“ кој припадниците на црната раса го сметаат за навреда.

Фотографијата од 29-годишниот Трудо со лице затемнето со шминка, се смета за голем предизвик за лидерот кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесува „Ројтерс“.

„Блекфејс“ е термин кој се употребува кога белци ги бојат својте лица во потемна или целосно црна боја. При извинувањето, Трудо призна дека тоа го направил не само во таа прилика, туку и уште еднаш.

Трудо објасни дека се работи за натпревар за таленти во средното училиште кое го посетувал, а за потребите на кој ставил црна боја на лицето и перика на главата.

Фотографијата по се изгледа најпрво се појавила на социјалните мрежи, а Трудо дури подоцна призна дека навистина се маскирал. На натпреварот тој ја отпеал реге-песната Day-O, популаризирана од афро-американскиот пејач и активист, Хари Белафонте.

Но после, тоа канадскиот портал „Глобал њуз“ објави снимка од Трудо на која тој и третпат има „блекфејс“.

Се работи за снимка, наводно направена во 90-тите години исто така од периодот на средношколските денови на Трудо. На неа, тој навива пред камерата, кревајќи ги рацете, кои исто како и неговото лице, се обоени црно. Трудо носи и афроперика на главата.

Ова значи дека по едвај 12 часа откако „Тајм“ ја објави првата фотографија, откриени се вкупно три вакви случаи. Првата фотографија завршила во школскиот алманах каде и ја пронашле новинарите на „Тајм“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот