Голем пожар во зграда во Сплит: Огнот пламнал на шестиот кат, пожарникарите немаат пристап (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Голем пожар утринава изби во стан во зграда во сплитската населба Трстеник, јавуваат хрватските медиуми. Пожарот се проширил на уште еден стан, а станарите се евакуирани.

Според првичните информации, итните служби дојавата за пожарот ја добиле околу 9 часот, а на терен биле испратени 20-тина пожарникари од сплитската Јавна противпожарна станица и околу седум возила од Доброволното противпожарно друштво од Сплит и Жрновница.

Според информациите на Далмација Данас, огнот избувнал во стан на шестиот кат, па преку терасата и надворешните ролетни, се проширил на 7 и 8 кат.

На терен се екипа на итната медицинска помош и полицијата. Според информациите, гаснењето на пожарот одело многу тешко, бидејќи становите се сместени на тешко пристапен терен за пожарникарите. Според информациите од терен, засега нема повредени. Неофицијално, се појавила информација дека е повредена една жена врз која пднало стакло, но официјалните извори тоа не го потврдиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот