Голем пожар се шири низ Калифорнија, над 2000 пожарникари се борат со огнената стихија (ВИДЕО)

epa08581237 Firefighters work to extinguish the 'Apple Fire', near Beaumont, in Riverside County, California, 02 August 2020. EPA-EFE/DAVID SWANSON

Во неделата пожарот го гасеа 2.266 пожарникари и 9 хеликоптери.

Пожарот наречен Епл Фајр, кој се распламти во петокот во Калифорнија, а кој досега се ширеше во округот Риверсајд и Сан Бернардино, уништи најмалку 20.516 хекари. Досега пожарникарите успешно ставија под контрола само 5 отсто од огнената стихија.

Имено, постојат неколку хектари кои на пожарникарите им ја отежнуваат борбата со пожарот, а најголемиот проблем е конфигурацијата на теренот, јави Си Ен Ен.

-Се работи за исклучително стрмен и нерамен терен, рече Лиса Кокс, портпарол на Националниот парк Сан Бернардино.

Пожарот го гасат повеќе од 2000 пожарникари

„Имаме многу предели кои создаваат различни струења на ветерот па затоа е тешко да се предвиди текот на пожарот. Покрај тоа имаме и густи грмушки, вклучувајќи и чапарал кој лесно гори“, објасни тоа.

„Со тоа во воздух се крева големо количество чад и пепел и се создава голем облак кој се шири во сите насоки околу огнот“, додаде таа.

Да потсетиме, близу 1000 жители на округот Риверсајд во Калифорнија мораше во саботата да ги напуштат своите домови поради неконтролирано ширење на пожарот Епл Фајр.

Во неделата пожарот го гасеа 2.266 пожарникари и 9 хеликоптери.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот