Голем неделен хороскоп (25 април – 1 мај): Скорпиите ќе бидат шармантни, Вагите ќе имаат многу енергија

неделен хороскоп
Што ни предвидуваат ѕвездите за оваа недела? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

Ќе бидете вешти со рацете, што особено ќе биде видливо кај оние кои работат прецизна работа. Другите ќе ги постигнат своите цели со борбеност и пожртвуваност. Некои може да очекуваат зголемување на приходите. На љубовно поле можно е да се сретнете со личност која многу ви значела во минатото. Искористете ја можноста да ги расчистите работите што ве мачат. Доколку сте слободни, внимавајте да не се вљубите во зафатена личност бидејќи тоа само ќе ви донесе проблеми. Оваа недела треба повеќе да внимавате на своето здравје, грижата за умот и телото. Обидете се да се придржувате до поздрава исхрана.

Бик

Благодарение на Меркур кој е во вашиот знак, ситуациите на работа ќе се одвиваат онака како што сте планирале, а колегите и надредените отворено ќе покажат повеќе наклонетост. Работите ќе се одвиваат во ваша полза. Врската со партнерот ќе биде интересна поради заедничките планови и слични интереси кои дополнително ќе ве зближат дури ќе создадат чувство на зависност. Вие сте се поголема поддршка еден на друг. Слободните ќе најдат нови симпатии. Ќе се чувствувате добро. Сега е совршен период за диета, работа на подобра кондиција и санирање на здравствени проблеми. Искористете го убавото време и почнете да трчате или да возите велосипед.

Близнаци

Доколку бидете појасни во комуникацијата, ќе избегнете погрешно да се разберат и толкуваат вашите зборови. Ако сте дел од тим, погрижете се да го извршите вашиот дел темелно. Бидете внимателни што споделувате со колегите, чувајте ги деловните тајни. Доколку изминатиот период се соочувате со проблеми, време е да ја дефинирате својата врска. Ве оптеретуваат некои двосмислени ситуации. Најдобро е да го прашате партнерот за јасни и целосни одговори. Не ги игнорирајте постоечките проблеми. Внимавајте на здравјето, на работа трошите многу енергија бидејќи сте преоптоварени со разни обврски. Ќе ви годат што повеќе прошетки на свеж воздух.

Рак

Меморијата ве служи одлично, а благодарение на одличната концентрација лесно ќе извршувате неколку задачи истовремено. Доколку сте дел од некој деловен круг или тим, споделете ги вашите идеи со колегите. Во љубовта се поуспешно ги решавате проблемите со партнерот. За некои Ракови оваа недела може да значи продолжување на некоја прекината врска, а некои ги очекува почеток на нова љубовна врска. Можно е да се поврзете со личност која ќе ја запознаете на интернет. Ќе бидете порасположени, па активниот социјален живот и пријателите ќе ви помогнат да се разбудите од зимскиот сон.

Лав

Ќе го изгубите трпението и подобро ќе работите сами отколку во тим. Избегнувајте расправии или претерување во постапките, дури и ако сте во право. Бидете трпеливи и преиспитајте ја секоја одлука. Во љубвота работите ќе станат подобри и поразбирливи. Лавовите кои копнеат за љубовни прегратки и добра забава ги очекува ново интересно познанство. Но, сепак треба да внимавате на вашите љубоморни испади и недоверба. Изложени сте на исцрпеност и умор. Затоа, ќе биде многу важно да се одморите доволно и да не дозволувате некој да ве искористува или да ви го „краде“ слободното време.

Девица

Ќе ве воодушеви исходот на некоја проблематична ситуација на работа. Ќе почувствувате дека работите се подобруваат. Ќе оставите впечаток на снаодлива личност, но на некој тоа ќе му пречи. Игнорирајте ги таквите личности и не влегувајте во непотребни дискусии. Ако штотуку сте запознале личност која ви го украла вниманието, работите ќе стануваат се посилни и подлабоки. Оние Девици кои минуваат низ поголеми љубовни проблеми ги очекува разрешница – сега е време да расчистите се. Напнатите семејни односи ќе ви одземаат многу енергија, обидете се да се дистанцирате од истите.

Вага

Ќе имате многу енергија и елан за работа, а вашата трудољубивост ќе го привлече вниманието на вашите претпоставени. Сите кои рабтоат со пари ќе имаат голем успех, а останатите ќе уживаат во постабилна финансиска состојба. Добро проценете ги вашите шанси на љубовно поле. Пред да одлучите да преземете акција, внимателно разгледајте ги околностите за да видите дали вреди да се вложи труд и како се чувствува другата страна. Тргнете се од монотоното секојдневие со некоја добра книга, филм или музика. Направете нешто за вашата душа – премногу им угодувате на другите. Време е да почнете да размислувате повеќе за себе.

Скорпија

Може да потпишете документи, да побарате совет од адвокат или да склучите некаков вид на партнерство. Сè што правите треба да биде со големо внимание – за да има помалку грешки, а може да ги има многу оваа недела. Богатиот социјален живот ќе ви овозможи да живеете повозбудливо. Оптимизмот ќе го пренесете и на луѓето околу вас, буквално сите ќе „паѓаат“ на вашиот шарм. Скорпиите кои се сами се пред нова љубовна приказна иако не се свесни за истата. Живеете многу активно, присутни сте секаде каде што нешто се случува. Ќе спиете премалку. Не претерувајте за да не се чудите ако ви падне имунитетот.

Стрелец

Планетите ве поттикнуваат да преземете повеќе акција и да се впуштите во претприемништво, но бидете трпеливи доколку некои ситуации се одвиваат бавно. Ништо не оди на сила. Невработените Стрелци би можеле да добијат нова работа. Љубовните врски можат да станат таинствени и да наидете на искушенија. Не е лесно човек да ве задоволи, па партнерот полека почнува да ги губи нервите со вас. Научете да попуштате малку. Ако сте прекинале врска со личност за која сè уште се грижите, не кревајте раце толку лесно. Контактирајте ја. Неповолниот Марс може многу да ви го разниша здравјето бидејќи ќе ве изложи на исцрпеност што ќе ви го „уништи“ имунитетот.

Јарец

Ќе ширите позитивна енергија и ќе бидете пријатен соработник на кого може секој да се потпре. Ќе бидете исклучително креативни, а вашите идеи ќе ги воодушеват претпоставените. Сега е вашата шанса да напредувате. Венера ве разгалува со нови, поволни можности. Врските и браковите ќе „цветаат“ под налетот на романтиката, а оние кои се сами се „под лупа“ на една многу привлечна личност. Кај Јарците оваа недела сè ќе биде во знакот на љубовта, романсата и страста. Доброто влијание на Марс ќе ве зајакне физички, а поволното владеење на Бикот и психички. Ќе се спротивставите на вирусите и настинките, па дури и ако се заразите, брзо ќе закрепнете и ќе се вратите во форма.

Водолија

Имате различен опис на работата од вообичаеното. Ќе треба да ја смените рутината и да се приспособите на новите обврски или луѓе. Доколку се занимавате со приватен бизнис, внимателно чувајте ги финансиските книги за да избегнете непријатности. Лесно ќе ги почувствувате промените во расположението на партнерот, па затоа обидете се да го расположите со мали знаци на внимание. Пред вас се нови и волшебни можности за љубов. Некои ќе запознаат личност која гордо ќе ве запознае со нивното друштво. Оваа недела ќе се чувствувате многу подобро, ќе бидете среќни и разиграни.

Риби

Би можеле да добиете признание за вашата посветена работа. Доколку се занимавате со креативна работа, медиуми и уметност, оваа недела ќе го истакнете својот потенцијал. Поради Марс кој е во вашиот знак, ќе бидете исклучително продорни и итри. Ќе бидете интересни за луѓето околу вас благодарение на однесувањето кое не оптоварува и не обврзува. За некои Риби можно е преплетување на работата и љубовта. Повеќето од планетите се на ваша страна. Искористете ги овие денови за вежбање и диета, но, не претерувајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот