ГОЛ ЗА МЕРАК: „Ремек дело“ на Манасков против ППД Загреб! (ВИДЕО) – Слободен печат
РакометСпорт

ГОЛ ЗА МЕРАК: „Ремек дело“ на Манасков против ППД Загреб! (ВИДЕО)

Со четири голови нашето лево репрезентативно крило Дејан Манасков придонесе во триумфот на Веспрем против хрватскиот шампион.

Македонскиот интернационалец беше дел од победата на унгарскиот гигант во рамките од ракометната СЕХА Газпром лига (36:28).

Овој меч во регионалното натпреварување го одбележа и еден прекрасен потег на Манасков, гол кој што беше на крајот и прогласен за најдобар на средбата.

Вистинско „ремек дело“ со погодок од зад грб, а воедно топката помина и низ нозете на противничкиот голман, што го прави голот уште поатрактивен.

Во групата Б Веспрем е на првото место со максимални шест бодови, второпласиран е ППД Загреб со три, а исто толку има и нашиот претставник Еурофарм Работник кој досега има одиграно еден натпревар.

Претходно во својот втор меч од групата А сезонава во СЕХА, бранителот на титулата Вардар загуби на гости кај Мотор Запорожје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close