СЕХА: Вардар поразен од Мотор, Чупиќ утна пенал за реми! (ВИДЕО)

Фото: seha-liga.com

Вардар одигра слаб натпревар денеска во Запорожје и заслужено го загуби натпреварот од Мотор. Недостастуваше организација во нападите бидејќи Сташ Скубе го немаше во составот, а во одбраната иако Кугис имаше добар натпревар и двоцифрен ефект на одбрани, сепак, со 32 примени погодоци тешко се добива натпревар.

Првиот дел мина во знак на домаќинот, кој во некој моменти од дуелот имаше и три голови плус, но фантастичниот на голот Кугис не дозволи домаќинот на полувеме да замине со осетна предност.

Следуваше серија на домаќинот кој во 24. минута дојде и на плус три, 11:8. По овој резултат, со головите на Горпишин и Чупиќ, Вардар намали на само еден негатива. До крајот на првото полувреме, за жал, се повреди Дисингер кој мораше да го напушти теренот, а Кугис со одбранет пенал, спречи на полувреме Мотор да замине со плус од два гола.

Вториот дел тргна добро за Вардарци, Шишкарев пресече една топка и со гол израмни на 13:13. Во следниот период Вардар имаше играч повеќе, но тоа не го искористи и наместо да поведе, со два гола во серија со играч помалку, Мотор дојде до нови плус два, 16:14.

Одбраната на Вардар не функционираше во вториот дел, Мотор многу лесно доаѓаше до нашиот гол, а Кизиќ немаше одбрана откако влезе во игра на местото на Кугис. Со два гола во серија на Чупиќ и Дибиров, Вардар одново дојде на минус еден во 55. минута од дуелот. Атман со одличен продор и погодок, донесе израмнување во 57. минута, 30:30. Во последниот напад, сепак, Вардар мораше да даде гол да избегне пораз. Пенал изнуди Пелко, Чупиќ ја имаше одговорноста биеше и промаши за пораз од 32:31.

Барис Пухоски беше најефикасен кај домаќините со шест голови, а за „црвено-црните“ истиот учинок го имаше Тимур Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот