Ѓоковиќ го нервираше тоа што не е популарен како Федерер и Надал

твитер

Борис Бекер три години (2013-2016) беше главен тренер на Новак Ѓоковиќ, додека долгогодишниот тренер Маријан Вајда одмораше од тенисот.

Славниот германски тенисер открива дека на Ѓоковиќ му пречеше тоа што Рафаел Надал и Роже Федерер беа попопуларни од него.

– Новак има милиони обожаватели ширум светот, тој е многу популарен. Сепак, зборуваме за други двајца кои не само што се меѓу најуспешните тенисери, туку се и помеѓу најуспешните спортисти на светот. Сега Новак не се грижи многу околу ова, но во минатото му пречеше што е помалку популарен од Федерер и Надал – открива Бекер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот