Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата, вистински ѕвер од играч

epa08778183 Novak Djokovic of Serbia in action during his first round match against Filip Krajinovic of Serbia at the Erste Bank Open ATP tennis tournament in Vienna, Austria, 27 October 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Поранешниот грен слем шампион Пет Кеш, смета дека Новак Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња.

Поранешниот австралиски тенисер отсекогаш ги ценел квалитетите на Ѓоковиќ, дури и кога станува збор за споредбите со Рижер Федерер и Рафаел Надал.

– Доколку би морал да избирам кого највеќе сакам да гледам тогаш тоа е Рожер Федерер, па потоа Надал. Но, доколку мора да го изберам најдобриот тенисер, тогаш тоа е Новак Ѓоковиќ – вели Кеш.

Пет Кеш верува дека, пред Ѓоковиќ кој шести пат во кариерата заврши на првото место на АТП ранг листата на крајот од годината со што го израмни рекордот на Пит Сампрас, и во наредните години ќе бидат успешни за спрскиот тенисер.

– Новак е монструозно добар играч. Тој може да ги победи Рожер и Рафа на нивните омилени подлоги. Новак вели дека Федерер е најдобар на сите времиња но и дека е втор во своето време. Тешко е да се биде најдобар во историјата доколку не бидете најдобар во своето време – додава Пет Кеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот