9 C
Скопје

Гобер невнимателен, и негов соиграч позитивен на коронавирус!

Оваа вест за играчот на екипата на Јута Џез ја соопшти најупатениот НБА новинар, Адријан Војнаровски, по пат на својот Твитер.

Нова НБА кошаркарска суперѕвезда е заразен од коронавирусот. После Руди Гобер, и кај неговиот соиграч Донован Мичел е откриено дека е позитивен на коронавирус.

Оваа вест ја соопшти најупатениот НБА новинар, Адријан Војнаровски, по пат на својот Твитер.

– Ѕвездата на „Џезерите“, Донован Мичел беше позитивен на тестот за коронавирус, кажано е од Лигата за ЕСПН.

-Во меѓусебни разговори играчите на Јута рекоа дека Руди Гобер бил невнимателен во соблекувалната и дека ги допирал другите играчи и нивните лични предмети. Сега уште еден од неговите соиграчи е позитивен – рече Војнаровски преку Твитер.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Финале пред финалето, „кралот“ доминираше против грчкиот „ѕвер“!

Досегашниот просек на Мичел сезонава е 24.2 поени, 4.4 скока и 4.2 асистенции по меч.

Поврзани вести

Енис Барди на терените во „Ла Лига“ после скоро три месеци!

Слободен печат

СП: Ремизираа Шведска и Словенија, пеколна борба за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Шок за „армејците“, Барса пресилна за Црвена звезда!

Слободен печат

Љафтов: Со успехот ќе придонесеме за афирмирање на одбојката, но и целокупно на спортот во Македонија!

Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичен Македонецот, Тричковски со хет-трик за 22 минути игра!

Слободен печат

Остави Коментар