Го откажаа Евросонгот, а сега нудат алтернатива за да ја обединат Европа поради короната

eurovision.tv

Наместо откажаниот Евросонг, алтернативното телевизиско шоу сака да ја обедини Европа во време на пандемија на коронавирусот на денот кога требаше да се одржи големото финале.

Програмата „Europe Shine a Light“, наречена според британската победничка песна од 1997 година, ќе се емитува во Европа на 16 мај во 19 часот по средноевропско време, објави Европската телевизиска унија (ЕБУ) на своите интернет-страници.

Шоуто е снимено без публика и го подготвиле холандските телевизии кои требало да го продуцираат закажаниот натпревар.

„Ги повикуваме сите телевизии кои требаше да учествуваат во натпреварувањето за песна на Европа, членките на ЕБУ и други земји, да ја пренесат таа програма во духот на единството и заедништвото“, рече директорот Јон Ола Санд.

Изведувачите кои требаше да настапат на Евросонг во Ротердам, 40 од Европа и еден од Австралија, ќе отпеат некој поранешен евровизиски хит, но секој во својата земја.

Шоуто ќе го водат тројца холандски водители кои требаше да го водат оригиналното натпреварување.

eurovision.tv

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот