Го ИЗБОДЕЛА својот дечко, заради слики од девојки во неговиот телефон – ФАНОВИТЕ бараат да биде ослободена, причината БИЗАРНА

Фото: Инстаграм

Јука Такаока (21), девојка од Јапонија го избодела својот дечко со нож, по што мирно седнала покрај него, со траги од крв на неа и запалила цигаракако ништо да не се случило.

Според извештаите на полицијата, таа криминалот го направила во напад на љубомора, откако претходно во телефонот на својот партнер видела слики од други девојки.

Такока од Токио во Јапонија, буквално го искасапила својот дечко Фобеника Луна. Парот кој заедно работел на улицата на Црвените фенери, на улицата Кабакиџо, живеел заедно, а како што се наведува, Такаока била љубоморна на девојките кои флертувале со нејзиното момче.

Во еден од тие налети на љубомора и бес, таа го избодела Луна, а потоа запалила цигара и повикала пријателка за да и ја покаже фотографијата од стореното. Луна бил префрлен во болница во тешка состојба, а докторите му давале само 20 отсто шанса да преживее, но за среќа тој успеал да преживее.

Јука била уапсена на 23 мај оваа година, а за време на приведувањето, таа се смеела пред фоторепортерите. Баш заради тие фотографии, фановите сметале дека таа е преубава за да биде осомничена за убиство и се стекнала со фама.

Во своето обраќање пред новинарите, Луна навел како мисли дека неговата девојка имала право да го избоде, како и дека тој чин, му го подобрил животот.

– Мислам дека постоеше причина да ме избоде. Исто така, благодарејќи на неа и работата ми тргна. Ги сретнав и постариот брат и сестра првпат по неколку години, рекол тој.

Такаока и покрај бројните апели и акции од граѓаните, се уште е во притвор, каде чека повторно излегување пред судот. Во обид да ја објасни нејзината популарност, новинар од Токио, Кенџи Накано, ја споредил Такаока со популарни јунаци од аниме, кои во јапонската култура се на високо место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот