Го бакна Роналдо, па ќе плати казна од 250 евра

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на овој натпревар видовме и ситуација во која навивач втрча на теренот поради Роналдо.

Имено, навивачите успеа да помине покрај обезбедувањето и да дојде до Португалецот кого го бакна.

„За време на натпреварот е направен само еден инцидент, кога еден навивач втрча на теренот. Луѓето од обезбедувањето го изнесоа од теренот и го предадоа на полицијата, каде веќе е почната постапка против него. Според членот 38 од Законот за јавни собири, казната што му е изречена изнесува 250 евра“, објавија полициските служби“.

Инаку, на овој натпревар и Роналдо се најде во центарот на вниманието поради беснеењето кон четвртиот судија по натпреварот, тврдејќи дека неговиот тим бил оштетен за два пенали.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот