Глигоров: Првенствен или пријателски натпревар, Вардар оди на победа

ФК Вардар/Фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Фудбалерите на Вардар ја темпираат формата во турската Анталија за вториот дел од сезоната.

Веќе одиграа еден пријателски натпревар во кој триумфираа над руската екипа СКА Ростов со 2:0. На 4 февруари ќе тестираат против Том Томск од Русија, тренерот на клубот Никола Глигоров е задоволен од досега сработеното на подготовките.

– Поминаа 23 дена од стартот на подготовките и работите се одвиваат според зацртаниот план. Одработивме голем број на тренинзи на кои се посвети внимание на физичката подготовка, меѓутоа фокус се стави и на тактичкиот елемент за екипата да биде спремна за предизвиците кои ни претстојат оваа пролет”.

Задоволен сум од прикажаната играта на првиот контролен натпревар и остварената победа од 2:0.
Иако резултатот не беше во прв план, како членови на најтрофејниот клуб сите ние сме обврзани да одиме на победа на секој натпревар без оглед дали станува збор за првенствен или за пријателски.

Ни остануваат уште три натпревари на кои што ќе ја темпираме формата и максимално квалитетно да го одработиме остатокот од престојот во Анталија – вели стратегот на „црвено-црните“, Глигоров.

Договорени се уште две контролни средби, на 6 февруари против уште еден руски тим, Динамо Москва 2, и на 7 февруари против романскиот Херманстад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот