ГЛЕДАТЕ СОДРЖИНИ ВО „ИНКОГНИТО“: Ќе ве изненади што сè Гугл знае за вас

инкогнито
Принтскрин

Ако мислите дека сте заштитени со тоа што одредени интернет-содржини ги следите преку инкогнито прозорецот на Гугл хром, тогаш апсолутно не сте во право.

Предноста на оваа опција е што не зачувува историја на пребарување на вашиот компјутер, но тоа не значи дека податоци за вашата активност на интернет не постојат во базата на Гугл. И тоа, знаат и дека го користите инкогнито-модот додека го правите тоа.

Пребарувачот, кога ќе го вклучите инкогнито, проверува дали е активен вашиот „FileSystem API“ и откако ќе констатира дека не е, тогаш ви „нуди“ сосема поинакво пребарување, кое не би го добиле со обичното пребарување.

Сепак, овојпат Гугл решава уште повеќе да излезе во пресрет, бидејќи е забележана голема активност на овој начин на форуми и мрежи каде се бара помош поради насилство, сексуално злоставување и помош при суицидност.

Тие планираат на овој начин да воведат и систем кој ќе реагира доколку се забележи значителна активност на одредени страници, а во исто време и да го заштитат корисникот.

Оваа новост не им се допаѓа на онлајн издавачите кои нудат одреден број бесплатни прегледи, а потоа треба да се плати членарина. Инкогнито-опцијата дозволува да се читаат содржини без да се достигне бројот на максимално дозволените посети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот