фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Ѓорѓиевски го доби македонскиот дуел против Алиоски во Лигата на Европа

Во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа фудбалерите на Лугано претрпеа елиминација во двомечот против Клуж.

Откако мируваа мрежите во првите 90 минути во Швајцарија, во возвратниот дуел по продолженијата романскиот претставник славеше со 1:0.

Единствениот погодок се случи во првото продолжение, поточно во 96 минута кога домаќините стрелаа преку Синјан.

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски играше од првата минута за Лугано и настапи до 112 минута кога беше заменет од Келвин.

На спротивната страна Марко Ѓорѓиевски доби минутажа во романската екипа, во игра влезе во 112 минута како замена за Мунтеану.

Клуж во третото квалификациско коло на ЛЕ ќе игра против Левски Софија (Бугарија) или Брага (Португалија).

Лугано на Алиоски ќе го продолжи меѓународниот настап во третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА каде за противник ќе го имаат словенечкиот Целје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот