Ѓоргиевска: Шпанија е велесила, два меча кои се важни за нашиот напредок

фото: РФМ

Најдобрата македонска женска ракометна репрезентација се подготвува за новите квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2024.

Во рамките од третото коло противник е селекцијата на Шпанија, овој меч ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 29 февруари со почеток од 18.00 часот, а влезот е слободен.

Очекувањата за овој меч ги сподели капитенот на националниот тим, Елена Ѓоргиевска:

– Конечно после една пауза имаме собир и се надевам дека ќе биде многу добро. Девојките уште од првиот ден се позитивни, насмеани. Сѐ уште не сме комплетирани, треба да дојдат уште неколку репрезентативки. Имаме два натпревари кои се важни за нашиот напредок. Играме со една велесила како што е Шпанија и е позитивно за нас за да дадеме нешто повеќе во овие дуели – вели Ѓоргиевска.

Вториот меч меѓу овие две селекции ќе се игра на 3 март во Ланзароте од 17.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот