Ѓорческа со пад од седум позиции по настапот во квалификациите за Австралија Опен

Фото. mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по настапот во Мелбурн во квалификациите на Австралија опен со 312 освоени поени се наоѓа на 243. место што е пад за седум позиции во однос на минатата недела.

Таа за учеството во квалификациите на Гренд слем турнирот – 1.коло освои два поена. Втората македонска тенисерка која има ранг Магдалена Стоилковска нема промени во рангирањето и поените со 9 поени се наоѓа на 1216.то место.

Во конкуренција на двојки Ѓорческа има пад од пет места и се наоѓа на 377.то место со 226 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот