Ѓоковиќ повторно ги загрижи фановите: Го откажа тренингот пред Австралија Опен

Фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го откажа тренингот пред Австралија Опен и ги загрижи фановите поради неговите проблеми со повреди.

Ѓоковиќ има проблем со задната ложа и не тренира со полн интезитет, па одлучи да го откаже тренингот кој требаше да се одржи во 12:15 часот по локално време.

Пред два дена Ѓоковиќ го прекина и тренинг мечот со Медведев поради повредата, а по натпреварот изјави дека е претпазлив.

„Се мачам со задната ложа, но се надевам дека нема да имам премногу грижи. Засега можам да тренирам и да се натпреварувам. Повнимателен сум, не одам со полна сила на тренинзите и се штедам за наредната. Се надевам дека нема да имам нови проблеми“, гласеше изјавата на Ѓоковиќ во петокот.

Минатата година Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија затоа што немаше примено вакцина поради ковид, па затоа неговите фанови имаат посебни мотиви да го освои пехарот оваа сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот