Ѓоковиќ: Нема де ми биде лесно да го видам Бекер како тренер на Руне

EPA/ANDY RAIN

Србинот призна дека нема да му биде удобно да го види својот поранешен тренер во штабот на Руне, ако Данецот му биде противник на Мастерсот во Париз

Новак Ѓоковиќ искрено призна дека нема да му биде лесно ако го види својот поранешен тренер Борис Бекер како го води Холгер Руне на мастерсот во Париз во 2023 година, ако се погоди ситуацијата Србинот и Данецот да се соочат на теренот.

Шесткратниот грен-слем шампион Бекер беше тренер на Ѓоковиќ од 2013 до 2016 година, помагајќи му да освои шест од неговите 24 грен-слем титули, меѓу другото. Тренер на Ноле моментно е Горан Иванишевиќ.

Сепак, Бекер сега е тренер на уште еден играч од топ-10, имено Руне е број 6.

– Навистина ми е драго што го гледам Борис повторно како тренер. Веројатно нема да ми биде толку убаво и удобно да го видам ако се соочам со Холгер, гледајќи го во спротивната ложа, бидејќи такво нешто се уште не се случило. Ако се случи, очигледно тоа не е одлично чувство – рече Ѓоковиќ.

Се предвидува дека Ѓоковиќ и Руне може да се сретнат во четвртфиналето во Париз, под услов Србинот да ги елиминира Томас Мартин Ечевери и Бен Шелтон, со кои се предвидува дека ќе се соочи во претходните рунди.

Во меѓувреме, Руне ќе мора да го помине првото коло каде се среќава со шампионот на САД Опен од 2020 година, Доминик Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот