ВИДЕО | Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и испиша историја!

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ го победи Каспер Руд со 3:0 (7:6, 6:3, 7:5) во финалето на Ролан Гарос и стана тенисерот со најмногу освоени грем-слем титули во историјата.

Норвежанецот едноставно немаше сили да се спротистави на Ѓоковиќ кој го контролираше мечот од почетокот до крајот. Со третата титула во француската престолнина Ѓоковиќ сруши неколку рекорди и според многумина уште еднаш потврди дека е најдобриот во историјата на овој спорт.

Српскиот тенисер се искачи на вечната листа на победниците на грен-слем турнирите со 23 пехари, оставајќи го зад себе Рафаел Надал со 22. Кога се гледа и женската конкуренција Ѓоковиќ ја стигна Серена Вилијамс и пред него е само Маргарет Кор со 24, но од времето кога тенисот не се сметал за професионален спорт.

Ѓоковиќ исто така стана првиот во светот со најмалку седум финалиња на четирите грен-слем турнири, а со вкупниот број настапи во битките за пехар се изедначи со Крис Еверт (34).

Победата значеше и враќање на Ѓоковиќ на првото место на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот