Ѓоковиќ е 342 недели на АТП врвот, губи бодови и воедно испишува историја

Новак Ѓоковиќ откри кои му се целите до крајот на 2021 година/ фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и натаму е најдобар играч на светот (342 недели) со 11,633 бодови на АТП листата.

Зад него е Русинот Данил Медведев, освојувачот на грен слем турнирот „УС Опен“, кој е во 1,058 бодови во заостанување, како што беше и минатата седмица. Но, Медведев има шанса со триумф на турнирот „Индијан Велс“ кој е во тек, да стигне до врвот, на 1 ноември, макар на седум дена.

Правилата за бодување се јасни. На 1 ноември, на Новак ќе му бидат одземени 1.000 бодови кои ги освои во Париз во 2019 година, додека истото ќе му се направи и на Медведев една недела подоцна. Значи, доколку Медведев победи на „Индијан Велс“, ќе има 10,540 поени на почетокот на ноември, додека Ѓоковиќ 10,430.

Треба да се напомене дека владеењето на Медведев нема да трае долго, бидејќи Ѓоковиќ ќе се врати на чело на АТП листата на 8 ноември, непосредно пред завршниот мастерс.

Ѓоковиќ не само што е рекордни 342 недели на врвот, туку ова му е и 118-та откако наполни 30 години. Во споредба со најголемите ривали, Рафаел Надал после 30 роденден беше „само“ 68 недели најдобар на светот, а Рожер Федерер скромни 25 недели.

Инаку Швајцарецот е втор на „вечната листа“ владеење, со 310 недели на АТП врвот, а Шпанецот е шестопласиран со 209 (подобри од него се и Пит Сампрас 286, Иван Лендл 270 и Џими Конорс 268).

АТП листа, Топ 10

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 11,633 бодови
2. Данил Медведев (Русија) 10,575
3. Стефанос Циципас (Грција) 8,175
4. Александар Зверев (Германија) 7,603
5. Андреј Рубљов (Русија) 6,130
6. Рафаел Надал (Шпанија) 5,815
7. Матео Беретини (Италија) 5,173
8. Доминик Тим (Австрија) 4,495
9. Рожер Федерер (Швајцарија) 3,765
10. Каспер Руд (Норвешка) 3,615

Ѓоковиќ е вакциниран и ќе игра на Австралија Опен?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот