Гинеколозите од болниците ќе станат и матични

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се во тек разговори за да се овозможи гинеколозите кои работат во болниците да работата и како матични гинеколози на местата каде има недостиг на овој профил на доктори.

Како пример го посочи Прилеп каде има само четворица гинеколози, двајца од нив се пред пензија и нема на повидок млад гинеколог да ја преземе таа работа.

– Разговаравме со гинеколозите од болницата за тие да може да ординираат како матични лекари со соодветен распоред не само во Прилеп, туку и во Крушево каде со години нема гинеколог, а има опремена ординација во рамки на Здравствениот дом. Се надевам дека за нецели две недели оваа мерка и практично ќе се имплементира на терен – истакна Филипче.

За да може да работат и како матични гинеколозите ќе добијат посебен факсимил од Фондот за здравствено осигурување. Засега Филипче не дава информација околу тоа како ќе биде тоа организирано бидејќи согласно законот матичните лекари работат во сопствени приватни ординации кои имаат договори за давање на здравствени услуги со ФЗО.

Останува да се види колку оваа реформа ќе даде резултат бидејќи и по болниците нема доволно гинеколози. На приме гинеколозите од скопската Клиниката за гинекологија со години ја покриваат регионалната болница во Кавадарци и во неколку други градови за што добиваат солидни надоместоци.

Тој рече дека друга мерка што ја презеле е тоа што со последната измена на Законот се дозволува посета на доктор во здравствена установа, каде нема специјалист кој таму работи.

– На тој начин дозволивме лекари од неврологија или од оториноларингологија да престојуваат во здраствените домови во земјава каде такви доктори со години нема и жителите од тој регион се принудени да патуваат во најблискиот регионален центар или до Скопје. Тоа како мерка веќе почнува да се применува во смисла на правење договори меѓу клиниките односно болниците на секундарно ниво во Скопје и регионалните клинички болници со здравствените домови, а врз основа на тие потреби – додаде Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот