Ѓилас: Најавеното зголемување на платите нема да значи многу за граѓаните на Србија

Драган Ѓилас/ Фото: ЕПА

„Секој човек во Србија должи 5.040 евра веднаш штом ќе се роди,“ кажа Ѓилас.

Претседателот на Партијата на слободата и правдата (ССП) Драган Ѓилас изјави денеска дека најавеното зголемување на платите во јавниот сектор нема да значи никакво конкретно поместување во животот на граѓаните и дека реалното задолжување на Србија во овој момент е околу 50 милијарди евра, што е речиси двојно повеќе од официјалните податоци на државата.

„Toa зголемување е симболично од неколку проценти, служи власта да се слика и фали, а прашајте го министерот за финансии Синиша Мали од каде тие пари“, рече Ѓилас на конференцијата за новинари, коментирајќи ја изјавата на Мали дека е добиено зелено светоло од Меѓународниот монетарен фонг (ММФ) за зголемување на платите во јавниот сектор и за пензиите, и од каде пари за тоа.

Тој наведе дека на ММФ и е важна финансиската стабилносt, а развојот помалку ги интересира, иако тоа би требало да биде примарно.
„Сите претходни владетели ја задолжија Србија за 15 милијарди евра, а оваа власт во последните седум години за уште 12 милијарди“, рече Ѓилас, наведувајќи дека прашање е на што е тоа потрошено.
Ѓилас рече дека официјалниот долг на Србија е 27 милијарди евра, а всушност е 50,4 милијарди, зошто, како што наведе, тука мора да се пресметаат уште и износите од задолжувањата низ претходните меѓународно договори, спогодби, јавно дадени гаранции од Србија.
Според неговите зборови, тоа може на некој кој не е упатен да му звучи неверојатно, но, наведе, вистина е дека секој граѓанин на тој начин е задолжен со повеќе од 5.000 евра, долг кој ќе мора да се враќа додавајќи дека сегашната власт неопходно е што побрзо да си замине, за да се спречи и натаму да ја задолжува Србија.

„Не живееме во златно доба, како што вели владата, и никој од граѓаните не го гледа нивниот економски раст, но се земаат заеми што ќе треба да се вратат“, нагласи Ѓилас.

Говорејќи за странски директни инвестиции, тој изјави дека податоците покажуваат дека тие се „иако веројатно ќе ги изненадат сите“, од Холандија, а не од Германија, Кина, Русија.

Како што изјави, даночната политика таму е слична на офшор зоната, и тоа е легално, но тој праша дали некој знае за холандска фабрика во Србија.

„Убеден сум дека дел од парите што пристигнаа се всушност пари изнесени од оваа земја, преку корупција и други махинации“, рече Ѓилас.

Според него, владата се фали со износот на странски директни инвестиции, но тогаш е чудно што индустриското производство се намалува.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот