Ги откриваат и тајните љубовници: Кои се „ковид детективите“ на Ердоган кои се борат против короната! (ФОТО)

Налетот на коронавирусот и понатаму не попушта. Повеќе земји забележуват пораст на новозаразените откако започнаа со укинување на рестриктивните мерки кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.

Држaва која важи за една од оние кои најдобро се носат со пандемијата од коронавирусот е Турција. Иако земјата брои 83 милиони жители, до сега се регистрирани нешто повеќе од 5.700 жртви, а тоа ја бројува во земјите кои одлично се борат со налетот на вирусот.

Луѓе со маски шетаат низ Истанбул / EPA-EFE/ERDEM SAHIN

На пример Обединетото Кралство има доста помалку жители, односно 66 милиони, но затоа од коронавирусот таму досега починале повеќе од 46.000 луѓе.

Во што е „тајната“?

Како што наведуваат експертите, Турците прават многу тестови, а во меѓувреме започнаа со производство на сопствена верзија на хлорокин. Меѓутоа, едно од најважните оружја во борбата против пандемијата се таканаречените „Ковид – 19 детективи“.

Прочитајте и...  Дете што посетувало градинка во Свети Николе е позитивно на коронавирусот

Турција успеа да тестира милиони луѓе, а во последните четири недели бележи повеќе пациенти кои оздравеле, отколку заразени.

Професорот Нуретин Јијит, еден од водечките турски доктори, за „Скај“ вели дека земјата успеала да одржи ниска стапка на смртност, поради тоа што направила многу тестови, но и мрежа на истражувачи кои ги откриваат инфицираните пациенти, односно т.н. „ковид детективи“.

Истанбул, Турција / Јули 2020 / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Според тоа што пишуваат странските медиуми, 8.500 тимови сочинуваат 16.300 „детективи“ кои ширум земјата пронаоѓаат заразени пациенти. Секое дете, член на семејството, познаник, колега од работа или пак таен љубовник/љубовница, кои се позитивни на тестот за коронавирус, мораат да останат во изолација 14 дена.

Здраствените работници ги следат тие кои се во изолација, а се тестираат веднаш штом почуствуваат симптоми. Третманот започнува рано, односно додека болеста е во благ облик. Тестирање, лекување, лекови и опоравувањето во болница се бесплатни.

Прочитајте и...  Меркел за тензиите меѓу Турција и Грција во Егејот: Мала е разликата меѓу конфликт и мирно решение

„Не сакаме да не лажат“

Фатих е еден од 39 дистрикти во Истанбул кои имаат сопствена мрежа на трагачи, односно детективи. Според проценките, низ Фатих во текот на денот поминуваат околу 4,5 милиони луѓе, дали тоа е за работа или пак поради некоја посета.

Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Докторката Мелек Нур Асла, директорка на здраствен дистрикт во Фатих има 40 тимови под своја контрола. Исто така, формирана е телефонска линија која работи 24 часа и достапна е на луѓето за сите прашања. Вработените обични ги прашуваат да се сетат со кого биле во контакт последните 14 дена.

– Не сакаме да не лажат. Обично ги тераме да се сетат на луѓето, локацијата, некоја ситуација за која мислат дека ја заборавиле. Навистина сме како детективи – изјавила др. Малек.

Прочитајте и...  Австрија нема повторно да се затвора поради коронавирусот

Прочитај повеќе

Адеми на став: Наставата треба да биде со физичко присуство

Слободен печат

Бајден: Ако Трамп загуби и одбие да се повлече, ќе има реакција од Американците

Слободен печат

Ковид биланс во светот денеска: Рекорден дневен број на заразени во Словенија, карантинот останува во Украина

Слободен печат

Вознемиреност во Градот на светлината: Француски борбен авион предизвика силна детонација при прелет над Париз

Слободен печат

Чавушоглу со предлог до Русија: Сирискиот модел како решение за Нагорно-Карабах

Слободен печат

Франција одлучи: Поранешен лидер на ЕТА ќе биде екстрадиран во Шпанија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ивица Коневски: Мицкоски е единствениот одговорен за поразите на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Царовска: Ова е огромна лекција зошто треба да се инвестира во образованието

Слободен печат

Реакција на „Средношколски Глас“ за пропаднатата национална платформа за онлајн учење: Ќе сноси ли некој одговорност за стресот што го трпат учениците, родителите и професорите?

Слободен печат

Избран наследникот на Игор Јанушев: Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Лавров со повик до Азербејџанците и Ерменците: Престанете со борбите и седнете на маса да преговарате

Слободен печат

Несекојдневен момент во Париз: Продавала стан во наследство, нашла пола милион евра во визбата

Слободен печат