Ги критикуваа досега, дали ќе блеснат во „вулканот“ против Кил? (ВИДЕО)

Фото: РК Вардар

На 12 октомври пред најверојатно полни трибини во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје македонскиот и европскиот шампион Вардар ќе го игра четвртиот натпревар од ЛШ против бундеслигашкиот гигант како дерби не само во групата „Б“, и воопшто на колото.

„Црвено-црните“ забележаа три максимални победи и моментно се првопласирани, а со евентуални два бода против германската екипа ќе направи нов голем чекор на патот кон четвртфиналето.

Ракометарите на Вардар веќе се фокусираат за големата пресметка, секако головите се важни, но и одбраната (од која голманите треба да имаат помош) е секако многу клучен сегмент во остварувањето на поволен резултат.

После заминувањето на Милосављев, беше ангажиран Летонецот Артурс Кугис, остана Алжирецот Калифа Гедбан, а тука е и младиот Марко Кизиќ кој воглавно настапува за вториот тим, но добива и шанса во првиот.

Досега барем според размислувањата на верните навивачи на Вардар не се толку досега импресионирани од стандардното дуо Кугис-Гедбан. Да, и тие придонесуваат со своите одбрани кои ги нема во поголем број, но барем според досегашните резултати и тие малку „помагаат“.

Но, се поставува прашањето дали двајцата голмани би биле подготвени и за големи предизвици. Тренерот на голманите Дејан Периќ се обидува на тренинзите на најдобар можен начин да соработува со голманите на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот