Германските демохристијани загрижени за падот на популарноста на пет недели пред изборите

ЦДУ фото МИА

На нешто повеќе од пет недели пред парламентарните избори во Германија владеачката коалиција на ЦДУ/ЦСУ изрази загриженост поради падот на популарноста во анкетите.

-Постои реална можност Унијата да не учествува во работата на идната влада, изјави лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и премиер на Баварија, Маркус Зодер, на денешниот затворениот состанок на претседателството на патијата, пренесуваат германските медиуми На

Зодер зборува за „драматичен” развој на настаните. Истовремено, тој ја посочи опасноста од формирање коалиција без учество на ЦДУ/ЦСУ, кои се на власт во континуитет од 2005 година.

Денеска е објавен резултатот од анкетата на јавното мислење на Институтот „Кантар”, што покажува дека ЦДУ / ЦСУ е во водство пред Социјалдемократската партија на Германија (СПД) за само еден процент. Според овие резултати, Унијата може да смета на поддршка од 22 проценти од гласачите.

Во анкетите на почетокот на годината, ЦДУ/ЦСУ беа поддржани од 36 проценти од испитаниците, додека СПД имаше само околу 15 проценти.

Пад на популарноста бележи и партијата на Зелените, која во еден момент пролетва имаше поддршка од 28 проценти од испитаниците и во тој момент беше пред ЦДУ / ЦСУ.

Според учесниците на состанокот на претседателствотона ЦСУ, Зодер се плаши дека по изборите на 26 септември на федерално ниво, може да се формираат коалиции на социјалдемократите, зелените и либералите или левичарската коалиција со социјалдемократите, зелените и партијата Левица.

-Се уште можеме да го смениме трендот, но ќе биде тешко, рече Зодер.

Маркус Зодер кандидатурата за канцелар на Унијата на изборите му ја препушти на претседателот на поголемата партија – Христијанско -демократската унија (ЦДУ), Армин Лашет, кој, ужива многу помала поддршка од него.

Според анкетата на Институтот „Сиви” направена за неделникот „Шпигел” граѓаните сметаат дека Армин Лашет е помалку компетентен да се справува со меѓународните кризи, како актуеланата во Авганистан, од неговиот ривал, социјалдемократскиот кандидат Олаф Шолц.

Извор; МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот