Германски фудбалер заразен со коронавирус

twitter/Actu Foot

Епидемијата на коронавурост зема замав во Германија, а денеска е регистриран и првиот случај на професионален фудбалер кој е заболен од коронавирусот.

Станува збор за фудбалер на Хановер, Тимо Уберс, а клубот тврди дека играчот немал контакт со соиграчите.

– Се сомнева дека Уберс се заразил за време на настан кој се одржал во саботата. Од тие моменти, Уберс немал никакви контакти со соиграчите, а целиот тим е тестиран на коронавирус. Тимо се однеснува примерно, самиот се пријавил и замина во карантин кога дознал дека на настанот имало личност која е заразена од коронавирус – изјави Герхард Зубер, спортскиот директор на Хановер.

Оваа сезона, Уберс поради повреда настапи на само три натпревари, но во минатиот петок беше стрелец во победата на неговиот тим од 0:3 над Нирнберг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот