Германија треба да се радува поради Кутињо

Барселона и Баерн Минхен успеаја да се договорат, Фелипе Кутињо во следната сезона ќе игра во Бундес лигата.

Баварците се согласија да му ја исплатат целата плата на Кутињо, 11 милиони евра, а Барселона нема да добие финансиска компензација. Останува уште Кутињо да ги помине лекарските прегледи за да се официјализира договорот.

– Мислам дека ние, а на тоа ние мислам не само на Баерн, туку на Бундес лигата и на Германија, можеме да бидеме среќни што донесовме фудбалер како Кутињо. Тој не се докажа само во клубовите во кои настапуваше туку и во бразилската репрезентација. Мислам дека одлично ќе се вклопи во Бундес лигата и ќе го покаже тоа што знае. Сите сме среќни поради трансферот и знаеме дека е фанстастичен фудбалер – изјави Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот