Германија со засилени контроли на границата со Франција, со Данска и со Полска

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германија ќе ги засили контролите на копнените граници во наредните осум до 14 дена, посебно на границата со Франција, со Данска и со Полска, како дел од борбата против пандемијата со ковид-19.

– Без оглед од каде доаѓате, од Полска, Франција или Данска сите треба да очекуваат контрола, изјави министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер.

Тој додаде дека ќе се спроведат случајни контроли на територијата на Германија до 30 километри по преминување на границата. Тие ќе бидат засилени по викеднот по Велигден.

Полицијата нема да може да ги врати патниците од каде што дошле, но ќе провери дали имаат негативен тест не постар од 48 часа и ќе бидат електронски регистрирани кај германските здравствени власти. Доколку немаат негативен тест, ќе мора да платат парична казна и да одат во карантин од 10 дена, што може да се скрати ако добијат негативен тест за вирусот по петтиот ден.

Патниците во транзит пократок од 72 часа ќе бидат ослободени од карантин.

Строгите и систематски контроли извршени на австриската граница со Тирол ќе бидат укинати сразмерно на подобрувањето на состојбата таму. Сепак, ќе останат контролите со Чешката Република, воведени пред неколку недели, каде пандемијата е на загрижувачко ниво.

Од денеска патниците кои пристигнуваат во Германија треба да покажат негативен тест, а авиокомпаниите можат да добијат високи казни до 25.000 евра доколку не постапат во согласност со мерките.

– Целта е да се спречи влегувањето на вирусот во Германија, истакна Зехофер.

Германија се соочува со ново ширење на инфекцијата и стравува од експоненцијално зголемување на бројот на заразени во следните недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот