Германија му порача на Илон Маск дека од Твитер очекува борба со дезинформации

Германскиот министер за дигитализација неодамна се сретна со Илон Маск за да разјасни што очекува Берлин од Твитер, особено во однос на борбата против дезинформациите, откако основачот на компанијата за електрични автомобили Тесла ја презеде социјалната мрежа, соопшти Министерството во петокот.
Министерот за дигитализација и транспорт Волкер Мисинг, кој беше во Калифорнија на почетокот на 2023 година, му рекол на Маск дека Германија очекува Твитер доброволно да се согласи на обврската за борба против дезинформациите, изјави портпаролот на Министерството.
Висинг, исто така, му рекол на Маск дека очекува Твитер во иднина да се усогласува со Законот за дигитални услуги, кој беше усвоен од 27 земји-членки на ЕУ и европратеници во април 2022 година, и кој бара онлајн платформите да направат повеќе за борба против нелегалната содржина на мрежата.
„Тоа беше многу отворен и долг разговор“, се вели во соопштението на портпаролот, додавајќи дека Маск му дал одредени смирувачки гаранции на Висинг.
Германската влада ќе продолжи критички да ја набљудува ситуацијата на Твитер, додаде портпаролот, кој не ги коментираше детално изјавите на Маск.
Твитер не одговори веднаш на барањето за коментар.