Германија ги заостри мерките за пристигнување на невакцинирани лица од две европски земји

Германија ковид-19
Германија / Фото: EPA

Германија ги заостри карантинските мерки за невакцинирани патници кои се враќаат од Холандија и Шпанија, кои Берлин ги вклучи во списокот на земји со голема стапка на пренесување на коронавирусот.

Според новите правила, патниците ќе мора да поминат најмалку пет дена во самоизолација по враќањето од Шпанија и Холандија, а одлуката беше донесена за време на летните одмори, кога многу семејства заминаа на море во Шпанија и Холандија.

Иако половина од германските граѓани се ослободени од правилата за карантин поради примање на две дози вакцина „ковид 19“, само околу два проценти од малолетниците примиле целосна вакцина, што може да претставува загриженост за семејствата кои патуваат со деца или тинејџери.

Се верува дека потегот на Германија во шпанската туристичка индустрија ќе биде прифатен со незадоволство.

Шпанското Министерство за туризам објави дека не може да ја коментира одлуката на Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот