Германците против укинување на мерките

Германската академија на науките предлага делумно отворање на училиштата.

Според анкетите направени во земјата поголемиот број на Германци се противат на укинување на ограничувањата за патувања, што беа воведени со цел да се запре ширењето на Ковид-19.

Во Германија до сега регистрирани се 124.189 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 2.834 починале.

Сепак, Германската академија на науките предлага делумно отворање на училиштата под услов да се почитуваат правилата за хигиена, со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус.

Според Академијата, обновата на работата на дел од училиштата ќе помогне во воспоставување на општествениот живот, но предупреди дека бројот на новозаразени треба да остане мал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот