Герапетритис: Грција ќе го почитува Договорот од Преспа

Ќе го почитуваме Договорот од Преспа, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет и со овој став сметам дека апсолутно се согласува целата парламентарна група на Нова демократија, вели државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Мега”, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за изнесените ставови на поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од редовите на Нова демократија Андонис Самарас, како во однос на Договорот од Преспа, така и за намерата да не гласа за трите Меморандуми со нашата земја, Герапетритис рече дека „Самарас, не е случајна личност во Нова демократија и политиката”,  има секакво право да го изрази неговиот став, но и дека неговите позициите се „познати и апсолутно се почитуваат”.

– Во однос на договорот со Северна Македонија, Нова демократија навремено излезе со став дека овој договор има многу „сиви точки”, дека е договор што нема директни корисни придонеси за земјата. Од друга страна, ние мора да го прифатиме континуитетот на државата. Грција не е земја која може во било кој момент да го менува нејзиниот меѓународен став. Самиот Устав наметнува дека од моментот кога постои ратификуван меѓународен договор, треба да се почитува и не може да се смени. Па така, ќе го почитуваме договорот, бидејќи Грција е држава на владеењето на правото и држава со континуитет  и со овој став сметам дека апсолутно се согласува целата парламентарна група на Нова демократија, објасни Герапетритис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот