Георгиевски шестопласиран на светската теквондо ранг листа

Македонскиот таеквондист ќе атакува на златото во Париз/Фото: EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Дејан Георгиевски во теквондо ја израдува македонската јавност со освојувањето на Летните олимписки игри во Токио каде што го освои сребрениот медал во категоријата над 80 килограми.

После овој историски успех македонскиот теквондист се наоѓа на шестото место на светската теквондо ранг листа со 150,54 поени.

На првото место е Русинот Владислав Ларин (352,74 поени) од кого загуби Георгиевски во олимпиското финале.

Второпласиран е Кореецот Кјо Дон Ин со 319,61 поени, пред Рафаел Алба (Куба) на третата позиција со 205,10 поени.

Дејан и стручниот тим на неколку наврати истакнаа дека ова е успех на сите во Македонија и дека на следната Олимпијада во Париз 2024 одат по сигурно злато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот