„Газета“ со лажни вести сака да го исплаши Интер пред дербито со Јуве!

фото: Twitter/Inter

Белгискиот репрезентативец нема коронавирус, а голем број на фанови на Интер сметаат дека веста е пуштена од страна на навивачите на Јувентус.

Денеска во италијанските медиуми беше објавено, па демантирано дека белгискиот фудбалер кој ги брани боите на Интер има коронавирус.

Имено, „Газета дело Спорт“ објави дека и напаѓачот на „неро-аѕурите“ е заразен, по што многу навивачи ширум светот беа шокирани.

Белгискиот репрезентативец нема коронавирус, а голем број на фанови на Интер сметаат дека веста е пуштена од страна на навивачите на Јувентус.

Односно навивачите на миланскиот клуб сметаат дека ова се случува непосредно пред дербито во Серија А в недела (8. март), меч кој што може да биде важен на патот кон титулата.

Како што е веќе познато дуелот на „Алијанц“ стадионот поради коронавирусот ќе се игра пред празни трибини со почеток од 20.45 часот.

Лукаку оваа сезона одигра 34 натпревари за Интер и постигна 23 голови. Моментно на табелата Лацио е лидер со 62 бодови од 26 натпревари, второпласиран е Јувентус со 60 бодови од 25 натпревари, а третопласиран е Интер со 54 бодови од 24 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот