Газди бараа државна помош, а си ја пикнаа в џеб

Крајно себично, неодговорно и безобразно. Лавината критики која се спушти врз дел од македонските газди е сосема оправдана, бидејќи изиграа една благородна цел и сосема го заслужија бесот на јавноста. Наместо на сметките на работниците, државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари, се „загуби“ во џебовите на работодавачите. УЈП се сомнева за злоупотреба на повеќе од два милиони евра, а се закани и дека ќе ги обелодени имињата на оние кои правеле малверзации со парите за работниците.

Меѓу компаниите кои правеле малверзации, се микро, мали и средни компании, како и еден медиум. Највеќе од Скопје, Тетово, Струга, Гостивар, Куманово. А злоупотреби имало најмногу во дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт, градежништво. Податоците се сурови – 708 компании добиле повеќе од 385.000 евра за исплата на 14.500 денари за работниците за април и за мај. Но парите си ги задржале за себе, а на повеќе од 1.700  вработени не имисплатиле ниту денар. 120 од нив со истата малверзација се послужиле двапати, и за април и за мај. Околу 3.750 компании на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот. Исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку.

Прочитајте и...  Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут

Дизајнирана како помош во вонредната корона-криза, финансиската поддршка требаше да ги ублажи последиците од намалената економска активност во изминатите месеци. Во рамките на можностите, државата за април и мај исплати по речиси 30 милиони евра на околу 20.000 компании за да им исплатат минималец на околу 120.000 работници. Се излезе во пресрет и на барањето, мерката да продолжи и во јуни, па тогаш беа поделени 23 милиони евра на речиси 18.000 фирми со повеќе од 100.000 вработени. Повеќе од коректни суми, нема што.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, излезе со последен апел до газдите да ги исплатат парите на работниците, бидејќи во спротивно ќе ги вратат на државата со камата. ССМ бара јунската помош, наместо на фирмите да се исплаќа директно на сметките на работниците.  Не ни треба статистика, ни треба плата-велат од ССМ. Заштитниците на работничките права ги предвидоа можните злоупотреби уште кога се носеа и најавуваа мерките за финансиска поддршка. И со право се лутат, бидејќи на Управата за јавни приходи ѝ требаа 45 дена за да ја утврди фактичката ситуација. И наместо да спречува, сега ќе апелира.

Прочитајте и...  Течат преговорите за Влада зад затворени врати

После војна сите се генерали, ама кога се работи за начините со кои се служат дел од газдите за да ги надитрат и државата и работниците не е потребна голема филозофија. Потребно е само да се потсети што се случуваше во изминатите години со кршењето на работничките права. На пример, како договорите на определено време од преседан станаа правило. Како се исплаќа дел од платата во кеш, а дел на сметка. Како се бара поврат од партите во кеш. Како се прикажува негативно финансиско салдо за да не се исплати К-15, како им се дава отказ на мајки кои користат породилно отстуство, а работат на определено време итн. Како се отпуштат работници во време на пандемија и не им се продолжуваат договорите. И кога сето ова ќе ви се врати, јасно е дека државата мораше да биде претпазлива и да отвори „четири очи“ за да ја забележи и неисплатата на минималната плата на работниците во фирми што добиле државни субвенции. Тоа се народни буџетски пари. За пофалба беше реакцијата на Државниот трудов инспекторат, кој реагираше во многу вакви случаи, особено во Штип, и успешно ги процесуира.

Прочитајте и...  Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Но секогаш постои едно но… Додека едни мислат како да помогнат, другите гледаат како да ги заобиколат законите. Оние кои по дифолт се скептици, уште на стартот  предупредија дека треба да се земат предвид сите ризици, но и претходните искуства со кршење на работничките права. Советуваа економските мерки добро да се дизајнираат и да се предвидат сите ризици, но изборите ги поматија сметките. Затоа и експертите и синдикалците апелираа – наместо на фирмите, финансиската помош да им се исплаќа директно на сметките на работниците. Сите беа согласни дека треба да се спречи со државни пари да се збогатат газдите на грбот и маката на работниците.

Газдите-итромани, уште еднаш покажаа дека секогаш се чекор понапред и дека не се загрижени за јавното жигосување. Дали се тоа истите луѓе, кои ни ја „пукнаа“ главата, давајќи изјави дека државата мора да им помогне, не штедејќи ги заканите дека ќе отпуштаат работници и дека не можат да опстанат?! И што направија? Добија речиси бесплатна работна сила во изминатиот период, а парите ги задржаа за себе.

Прочитај повеќе

Граѓаните се судрија со полицијата: Жестоки пресметки со полициските кордони во Брест и Минск (ВИДЕО)

Слободен печат

Во спомен на диџеј Ицко, неговиот брат даруваше крвна плазма

Слободен печат

Шестмина патници не се појавиле на летот од Скопје за Финска попладнево

Мирослава Бурнс

Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут

Џабир Дерала

Течат преговорите за Влада зад затворени врати

Драчевци возат како „Англичани“: Добиле нова цевка, „изгубиле“ една лента од патот! (ФОТО)

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ИСКУСТВА ОД ОТВОРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ: Дел од нив ставија клуч по само неколку дена

Михаило Донев

Засега нема добра волја за враќање на цената на струјата: Јавноста бранува ама безуспешно

Соња Кириџиевска

Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите

Изборот на Заев: 1+3 или 3+1

Љубиша Николовски

Родителите бараат онлајн настава, МОН и Комисијата за заразни болести ќе одлучуваат утре

Михаило Донев

Ниту еден од позитивните патници на македонскиот лет за Финска немал решение за изолација

Мирослава Бурнс