Гатузо повеќе нема да биде тренер на Олимпик Марсеј

фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Џенаро Гатузо повеќе не е тренер на Олимпик Марсеј, објави новинарот Фабрицио Романо. Италијанецот и неговиот стручен штаб се официјално известени од управата на клубот дека добиле отказ, а ова е вест што се очекуваше по серијата слаби резултати и поразот од 1:0 во Брест синоќа.

Марсеј имаше амбиција да влезе во Лигата на шампионите преку домашното првенство, а Гатузо го остава тимот на деветтото место во „Лига 1“ со 30 бода од 22 одиграни кола.

Европскиот шампион од 1993 година веќе седум натпревари по ред нема победено никого.

Сè уште не е познато кој ќе биде наследникот на Гатузо и кој ќе го предводи тимот во четврток против Шахтјор, во реваншот од осминафиналето на Лига Европа.

Првата средба во Хамбург, на која Украинците беа номинални домаќини, заврши со резултат 2:2.

Според Романо, наследникот на Гатузо ќе биде Жал-Луи Гасе кој е во преговори со клубот да седне на тренерската клупа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот