Галичани гневни на српското здружение „Спона“ – Ѓорѓија Пулевски го претставиле како Србин

Месната заедница Галичник реагираше во врска со „дрската и навредлива објава на организацијата на Србите во Македонија „Спона”, која се однесува на великанот Ѓорѓија Пулевски“ и „во името на секој еден Галичанец и секој Македонец изразува сериозен протест”.

-Грабањето и крадењето на македонскиот национален идентитет со векови е „спорт” кој го практикувале нашите соседи, а особено кога се работи за нешто што потекнува од центарот на македонската култура, уметност и столб на македонскиот национален идентитет – Галичник, пишува во реакцијата.

Желбата да се присвои Ѓорѓија Пулевски останува само желба и за неа имаат одредено разбирање, велат од МЗ Галичник.

-Големец како него ниту имале, ниту ќе имаат. Останува и само желба бидејќи секој кој знае да чита ќе прочита: „Народ се вељид људи који се од еден род и који зборувајед еднаков збор, и који живувајед и кои се другарад еден со други, и који имајед једнакви обичаји и песни и весеља, тије људите ји викајед народ, а место во које живувад народ, се вељид отечество од тои народ. Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија. Ѓорѓија Пулевски, Тријазичник 1875 година”, се наведува во реакцијата.

Од месната заедница порачуваат дека немаат никаква потреба ниту да додаваат, ниту да одземаат зборови на тоа што Пулевски напишал пред 150 години.

– Изразуваме надеж дека ставот на „СПОНА – Српски културно информативни центар” не е став на официјален Белград и не е став на пријателскиот српски народ кој има високо изградена свест дека туѓото не се р’чка. Очекуваме извинување од страна на СПОНА, како и од сите политичари кои се членови на оваа организација, се посочува на крајот од острата реакција на месната заедница- Галичник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот