ГАЛЕРИЈА | Вардар со пет гола во мрежата на Арсими за одличен старт на пролетниот дел
Денеска на почетокот од пролетниот дел на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар на ФФМ комплексот во Скопје со 5:1 убедливо го совлада Арсими. „Црвено-црните“ веќе во текот на првото полувреме ја оправдаа фаворитската улога и одржувањето на врвот во генералниот пласман во шампионатот.
Препорачано
Гол-серијата стартуваше во петтата минута со голот на српскиот интернационалец Цветковиќ, новото засилување кое дојде оваа зима од Железничар.
За 2:0 во 18. минута се погрижи Николов, а во листата на стрелците се запиша уште еден повратник во клубот, Велковски во 35. минута за зголемување на позитивата на 3:0.
Непосредно пред паузата, во 42. минута за 4:0 стрелаше уште еден интернационалец од Србија, Босанчиќ, а конечниот епилог го постави Омерагиќ во 69. минута од средбата.
Во 79. минута гостите останаа со играч помалку, но и покрај тоа, во самиот финиш (90+3`) дојдоа до почесен погодок од пенал кој го реализираше Цуцули.
На табелата прв е Вардар со 45 бодови, четири повеќе од второпласираната Струга, која својот меч кој ќе го има за четири дена против Силекс. Арсими после седмиот пораз сезонава моментно е на петтото место со 22 бода.
Во следното коло на 15 февруари Вардар ќе му гостува на Работнички во градското дерби, додека Арсими еден ден подоцна ќе ја пречека екипата на Брера Струмица.












