ГАЛЕРИЈА: Ковид пандемијата не ги поколеба животодарителите – акциите за донирање крв не престануваат

Крводарителските акции и покрај пандемијата во земјава се одвиваат со несмален интензитет. Институтот за трансфузиона медицина во соработка со Црвениот крст, а и со поддршка од хумани граѓани ширум земјава, успеваат да ги соберат планираните количества на крв, крвна плазма и други крвни продукти неопходни за итни операции на пациентите во здравствениот систем.

 

Крводарителската акција во Жан Митрев Клиник организирана од Blood Bank Tenk ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува двапати годишно.

Во првата акција од ваков вид, тиесетина вработени во клиничката болница Жан Митрев, вклучително и самиот доктор Жан Митрев направија место во своите полни работни распореди и даруваа крв која ќе спаси животи.

-Оваа акција е прва од ваков тип но истата благодарение на потпишаниот меморандум за соработка ќе прерасне во традиционална и ќе се одржува двапати годишно, велат од Жан Митрев Клиник.

Граѓаните може да донираат крв и во Институтот за трансфузиона медицина Скопје, секој работен ден од 8 до 18 часот и во Даре Џамбаз секој работен ден од 8 до 15 часот како и во секоја служба низ републиката според тековниот распоред. Минатата недела во соработка со Црвен Крст Кичево, успешно се реализираше крводарителска акција и во овој град.

Институтот за трансфузиона медицина договори и акциски план за организирање на крводарителски акции во средните училишта и на факултетите. Тимската работа е многу важна во служба на промоција и унапредување на крводарителството, велат оттаму. Меѓу групите на граѓани кои дарувале крв изминатиот месец се дарители од Прилеп, еснафи од Старата скопска чаршија, вработени во Царината, клиничкиот центар и приватници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот