ГАЛЕРИЈА Бројни актери, политичари и филмски уметници на црвениот тепих на ,,Браќа Манаки”

Со црвен тепих на кој зачекорија бројни личности од јавниот живот и филмски уметници, вечерва беше свечено отворено 44 издание на интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки под мотото „Прекрасното непознато”.
Во Центарот за култура Битола свеченото отворање во 20 часот почна со проекција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници” по сценарио и во режија на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција.
На вечерашната свеченост на годинешниот лауреат, оскаровецот Питер Бижу ќе му биде врачена наградата Златна камера 300 за животен опус.
Црвениот тепих е поставен пред Центарот за култура-Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки. Камерата на Слободен печат ви пренесува дел од атмосферата на црвениот тепих.
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски
Дизајнерот Андреј Папаз Георгиевски
Најџел Волтерс, претседателка на ИМАГО во средина на фотографијата
Актерот Сашко Коцев
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска
Мајк Павлов од маркетинг агенцијата Криејтив Хаус од Њујорк со партнерката
Актерската екипа на македонскиот филм ,,Домаќинство за почетници”