Функцонерите уште малку можат мирно да спијат, наскоро ќе нема Закон за потекло на имотот

Разногласие во јавноста околу можноста со закон да им се влезе во трага на нечесните функционери кои за време на својот мандат стекнале големо богатство. Од ДКСК велат дека нема ни трага ниту глас за реализирање на нивниот предлог да биде донесен Закон за потекло на имотот на функцонерите.

Претседателката на Антикорупцкиска Билјана Ивановска за „Слободен печат“, вели дека при последната средба со министерот за правда Бојан Маричиќ идејата била позитивно оценета од негова страна.

-Нашиот предлог е да се донесе Закон за потекло на имотот на сите граѓани за да се избегне ризикот, функционерот во време на својот мандат новостекнатиот имот да го регистрира на друго лице, а по завршување на мандатот да го вратат на свое име. Дотолку повеќе што ДКСК нема надлежност да ја следи имотната состојба по завршување на мандатот. Надлежен за оваа тема е Министерството за павда. Кога беше министерот маричиќ во дкск разговаравме на оваа тема и рече дека идејата е добра, Биљана Ивановска, претседател на ДКСК.

Од друга страна пак претседателката на Транспарентност Слаѓана Тасева смета дека со нов Закон за проверка на имотот на функцонерите ќе се оптовари правниот систем бидејќи државата веќе има механизми да ја следат имотната состојба на сите граѓани од приходи, расходи, до плаќање на даноци бидејќи сите имааат единиствена трансакциска сметка.

-УЈП ја следи имотната состојба, ако сите институции функционираат, од УЈП, до финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање, па и ДКСК да може да го проверува имот на функционерите наназад до пет години, тогаш ние во државата ќе имаме скрининг на се она што е имот на секој граѓанин. Не сум правела анализа на аргументите „за“ и „против“ за потребата на Закон за потекло на имотот на сите граѓани во случај кога ги имаме сите други закони кои треба да обезбедат контрола. Имаме дури и Закон за спречување на перење пари што значи дека државата може да го следи трансферот на имотот на едно лице. Така да навистина имаме многу закони кои треба да ги ставиме во функција за да се спречи прикривање на имот во случај на конфискација. Не треба да го оптоваруваме правниот систем со уште еден закон за кој ќе немаме анализа што ќе обезбеди и дали тоа ќе биде нешто различно од она што веќе постои во другите закони. што повеќе ќе додате тој закон и на кој начин. Ние имаме закони, вели Тасева.

Неодамна директорката на УЈП Соња Лукаревска објавувајќи ја листата на најбогатите Македонци рече дека најмладиот милионер во земјата има само шест години а најстариот 101. Тогаш неминовно се поставува прашањето, вели Тасева како може толку мало дете да има толкав имот.

-Што е тоа, чиј е тој имот. Тоа дете не го стекнало, туку некој го префрлирл тој имот на негово име. Државата треба да почне да функцонира бидејќи имаме доволно механизми за да се спречи прикривање на имотот од еден на друг, особено кога зборуваме за држава со малку граѓани, односно имотни единици, вели Тасева.

Од Министерството за правда за „Слободен печат“ велат дека во моментот во кабинетот на заменик на Претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси во тек е изработка на физибилити студија за потребата од дoнесување на Закон за потекло на имот и капитал на лица кои извршуваат јавни овластувања.

-Ова студија ќе биде изработена од страна на домашни и странски експерти избрани од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа. Потсетуваме дека и во новиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси се предвидува постапка за проверка на имотната состојба. Државната комисија за спречување на корупцијата и судир на интереси има законска надлежност и може да поведе постапка за испитување на имотната состојба. Сепак, остануваме отворени за дискусија и по изготвувањето на компаративната анализа со сигурност ќе знаеме дали има потреба од нови законски решенија, пишува во одговорот од Министерството за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот