Фудбалот се враќа „дома“, Англија домаќин и на ЕП и на СП?

epa08730201 A general view of Wembley stadium ahead of the international friendly soccer match between England and Wales in London, Britain, 08 October 2020. EPA-EFE/Glyn Kirk / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон и понуди на Европската фудбалска федерација (УЕФА), неговата земја да биде организатор на повеќе натпревари отколку што е првично планира на ЕП кое треба да се одржи ова лето.

Европското првенство требаше да се одигра минатата година во 12 градови, но поради пандемијата на коронавирусот, тоа е одложено за оваа година и на него за прв пат ќе учествува и македонската репрезентација.

Според актуелниот план, на територијата на Велика Британија треба да се одиграат седум натпревари, вклучувајќи ги и двете полуфиналиња како и големото финале, но мерките за сузбивање на пандемијата се и понатаму на сила во најголем дел од земите и тоа може да се одржи на патувањата за земјите учеснички.
Поради тоа, премиерот Џонсон изјави дека Велика Британија е подготвена да преземе организација на повеќе натпревари од ЕП, а како причина за неговите оптимистички изјави е масовната вакцинација.
Освен тоа, според Скај, британската влада ја поддржа заедничката кандидатура на Англија, Шкотска, Велс, Ирска и Северна Ирска за домаќини на Светското првенство 2030 година. Според зборовите на Борис Џонсон, сега е „вистинско време за фудбалот да се врати дома“. Официјалната заедничка кандидатура се очекува да биде поднесена идната година.
Светското првенство 2022 година ќе се одржи во Катар, додека Мундијалот во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот